ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија располага со затворен болнички простор од 750м2 кој е комплетно опремен според последните светски стандарди во кардиохириргијата. Клиниката за Гастроентерохепатологија располага со комплетно опремена амбуланта со целиот медицински инвентар и опрема потребен за преглед и контрола на пациенти, како и приемен пункт со чекална.
Со цел побрзо и поефикасно детектирање на евентуални компликации како и утврдување на добрата состојба на пациентот Клиниката поседува и дигитален мобилен рентген апарат за чија работа е ангажирано посебно стручно медицинско лице- рентген технолог. ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија располага со мобилен ехокардиограф со трансезофагијална сонда и кардио сонда за интраоперативно средење и постоператвно следење на срцевиот мускул, греачи за крв и плазма како и подлога за ладење и греење на пациенти.
Клиниката има две комплетно опремени сали наменети за кардиохируршки и васкуларни операции. Истите се опремени со анестезиолошки апарати со монитори за операциона сала за следење на актуелната состојба на пациентот , стандарден дефибрилатор , хируршки аспиратор, два операциони стола , операциони светла со три ракави, апарати за автотрансфузија, интрааортална балон пумпа, како и целиот хируршки инструментариум потребен за изведување на кардиохируршка операција.
Покрај медицинската опрема, целосниот изглед и начинот на работа коишто во целост кореспондираат со последните светски трендови, Клиниката соработува со доктори коишто се врвни професионалци во својата област, како и со специјално едуцирани медицински сестри кои совршено одговораат на специфичните задачи кои ги носи оваа патологија.
Исто така, клиниката поседува и машина за вонтелесно прочистување на крв за замастителна бубрежна терапија- PRISMAFLEX, машини за екстракорпорална циркулација, стернотом пили, електрокаутери, инфузомати, надворешни пејсмејкери, апарати за торакална дренажа и фибер бронхоскоп.
ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија располага со вакуум систем и систем за гасови и фреквентно регулирана хидростаница.
Во рамки на просториите на клиниката има болничка аптека, магацин, простории за персоналот како и други помошни простории.
опрема - 1
Болнички соби
Болничките соби се опремени со нови кревети за пациенти и сите потребни елементи со цел задоволување на специфичните потреби на нашите пациенти. Сите болнички соби располагаат со телевизор и посебен тоалет со што се овозможува поголем комфорт и слобода за време на болничкиот престој.
опрема - 2
Интензивна нега
Одделот за интензивна нега има капацитет од 18 кревети, кои се поврзани со централен мониторинг за 24 часовно следење на неинвазивни и инвазивни хемодинамски параметри. Располага со 8 апарати за механичка вентилација, потоа преносен ехокардиографски апарат, апарат за гасни анализи.