Надворешна служба за обезбедување
Вработеното помошно техничко лице за Обезбедување на имот и објект не смее да дозволи влегување во клиниката на ниту едно лице доколку истото не доаѓа за извршување на службени работи и работни задачи или со барање за извршување на здравствена заштита. Доколку некое лице се обиде насилно да влезе за време на редовното работно време е обврзан за тоа да го извести претпоставениот раководител, а за време на сменското работење органите за внатрешни работи.