Диета кај синдром на иритабилно црево

Диета кај синдром на иритабилно црево

Општи правила

Исхрана со мало количество на целулозни влакна, исхрана со нормално количество на масти и јаглени хидрати.

 

Дозволена исхрана

  • Месо: сите видови месо и риба
  • Јајца
  • Млеко и кисели млечни производи (кефир, матеница, кисело млеко, сирења).
  • Масти: како путер, маргарин, зејтин.
  • Шеќери во вид на мед, слатка, мармалад, колачи
  • Овошје и зеленчук во вид на сокови и пиреа
  • Леб во вид на бел леб, двопек, бисквити, макарони и пити

 

Диета кај синдром на иритабилно црево

 

Забранета исхрана

  • храна со поголемо количество на целулоза (сирово овошје со лушпа, црн леб)
  • Зеленчук: краставици, легуминози – грав, грашак, боранија, патлиџан, пиперки, тиква
  • Тврдо и жилаво месо
  • Алкохол