Општи принципи
Исхрана богата со протеини, исхрана богата со јалени хидрати, исхрана со умерен внес на масти
Дозволена исхрана
Леб: црн леб, препечен, сите видови тестенини (освен масни пити), ориз, гриз.
Месо: сите видови посно младо месо и риба.
Јајца: белка од јајце, жолчка не почесто од еднаш неделно
Млеко: посно млеко, кисело млеко, посни несолени сирења, несолена урда.
Зеленчук: сите видови лиснат зеленчук и помалку компир.
Овошје: сите видови овошје и овошни сокови.
Масти: зејтин по можност маслинов и путер ретко и умерено.
Шеќер: во умерени количини, слатки, мармалад, мед.
Напивки: слаб чај, слабо кафе, овошни сокови.
Зачини: умерено
Забранета исхрана
- Свинско, прасечко месо, јагнешко, овчо и јарешко месо
- Пикантна и запржена храна
- Масна и пржена храна
- Легуминози (грав, грашок, боранија и соја)
- Чоколада
- Внатрешници
- Алкохол
- Масно овошје (ореви, бадеми, кикирики…)
- Конзервиран зеленчук
Број на оброци
По можност 6-8
Кулинарска обработка
Варено, варено во водена бања и на пареа, печено – по можност без додатоци на зејтин и маснотии воопшто.