Општи принципи
Високо калорична храна богата со протеини и витамини, составена од намирници со мало количество на сварени моркови.
Дозволена исхрана
Млеко: млеко и млечни производи, јајца (доколку се поднесуваат)
Месо: младо месо (пилешко, телешко), не масна и пресна риба и мрсни меса и сувомеснати.
Леб: бел леб, црн леб, двопек, гриз, ориз.
Сол: умерено (до 10 грама на ден)
Овошје: во вид на овошн сокови, овошни желеа, пасирани компоти, рендано јаболко, дуњи, дренки, боровинки, јагоди, малини.
Зеленчук: Во вид на пире, (компири, моркови, карфиол, тиквички), во вид на сокови (патлиџан, зелка).
Забранета исхрана
- Намирници кои создаваат гасови, зелка, кељ, лук, кромид, праз, краставица, грашок, грав
- Намирници кои индивидуално не се поднесуваат
- Алкохол
- Тврдо месо, месо со жили, пржена храна
Број на оброци
4 – 5 по можност
Кулинарска обработка
Варење, приготвување на пареа или водена бања, скара без дополнително замастување, пасирање, рендање, приготвување пресни сокови.
Напомена: Строгите забрани важат само за активните фази на егзацербација на болеста, додека вон тоа внесот на прехрамбени продукти е строго индивидуален согласно личната подносливост на пациентите.