Општи принципи
Исхрана богата со белковини, нормално количество на шеќери и намален внес на масти
Дозволена исхрана
Mлеко и млечни продукти: сите видови обезмастено млеко, јогурт и кравјо кисело млеко, немасни сирења и урда
Месо: сите видови немасни меса и риба (од живина – пилешко, гускино, ќуркино, телешко)
Јајца: дозволено белка од јајце
Зеленчук: сите видови зеленчук (приготвен без лушпа во вид на пиреа, варива, сокови)
Масти: растителни масти (зејтин, маргарин за приготвување на храна во мало количество)
Леб: бел леб, црн леб, компир, ориз, двопек.
Забранета исхрана
- Полномасно млеко, масни топени сирења
- Сите масни меса, месо со жили
- Жолчка од јајце
- Масни овошја (ореви, бадеми, лешници, фстаци) и многу слатки овошја (урма и смокви)
- Груби зеленчуци кои подувуваат (зелка, праз и грав)
- Мајонези, премногу зачинета храна, храна која е приготвувана како пржена, похована.
Апсолутна забрана за алкохол
Кулинарска обработка
Се препорачува приготвување на пареа, варено, печено, со умерен додаток на зачини, 4-5 оброци на ден, во помали количества, добро изџвакана храна, не премногу топла ниту студена.