Правилник за посета на лежечки пациенти

Посета на лежечки пациенти

Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите. Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета на пациенти. Забраната треба да биде истакната на влезната врата од одделот. 

Во тек на времето за посета дозволено е кај секој пациент да биде присутен само по еден посетител. Во тек на еден ден дозволено е пациентот да биде посетен најмногу од три посетители.
 

посета на лежечки пациенти

посета на пациент

Посета

Пациентот одлучува и дава согласност да биде посетен. Без согласност од пациентот посетителот нема право на посета.

Кај пациенти во тешка здравствена состојба со отежната или оневозможена комуникација најблиските членови од фамилијата или ополномоштено лице определуваат кои лица имаат право да го посетат пациентот.  

Информации за состојбата на пациентот може да даде собниот или одговорен лекар во тек на времето за посета. 
 

Посета на лежечки пациенти-2

Кај пациенти во тешка здравствена состојба со отежната или оневозможена комуникација најблиските членови од фамилијата или ополномоштеното лице определуваат кои лица имаат право да добиваат информации за состојбата на пациентот.

Лицето кое прима информации е обврзано со своерачен потпис да потврди дека добило информации за здравствената состојба на пациентот.

Клиниката нема обврска преку телефон да дава информации за состојбата на пациентите. Информации преку телефон може по исклучок на да се даваат на лица определни од пациентот и со одобрение на пациентот.