Mенаџмент на метаболно асоцирани болести на црн дроб (MASLD)

Mенаџмент на метаболно асоцирани болести на црн дроб (MASLD)

Резиме

Метаболно асоциранata болест на црн дроб  (MASLD), претходнo нарекуванa како неалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD), е дефиниранa како стеатотично заболување на црниот дроб (SLD) во присуство на еден или повеќе кардиометаболни ризик фактори и отсуство на консумација на алкохол. Спектарот на MASLD вклучува стеатоза, метаболно асоциран стеатохепатитис (MASH, претходно NASH), фиброза, цироза и хепатоцелуларен карцином (HCC) поврзан со MASH. Овие заеднички препораки EASL-EASD-EASO обезбедуваат ажурирање на дефинициите, превенцијата, скринингот, дијагнозата и третманот за MASLD. Стратегии за скрининг на MASLD со фиброза, користејќи неинвазивни тестови, треба да се применат кај лица со кардиометаболни фактори на ризик, абнормални ензими на црниот дроб и/ или радиолошки знаци на хепатална стеатоза, особено во присуство на дијабетес тип 2 (T2D) или дебелина со дополнителни метаболни фактори на ризик.  Стратегијата се заснова на лабораториски анализи (како што е FIB-4) и последователно, имиџинг техники  (како што се  еластографија) која е погодна за исклучување напредната фиброза. Кај возрасните со MASLD  - се советува модификација на животниот стил - вклучувајќи слабеење, промени во исхраната, физички вежби и прекин на консумација на алкохол - како и оптимално третирање на коморбидитети - вклучително и третман базиран на инкретин (на пр. семаглутид, тирзепатид) за T2D или дебелина, доколку е индицирано. Баријатриската хирургија е исто така опција кај индивидуи со MASLD и дебелина.

Во моментов не може да се препорача фармакотерапија насочена кон MASH за циротична фаза. Менаџментот на цирозата поврзана со MASH вклучува адаптации на метаболички лекови, советување за исхрана, третман за портална хипертензија и HCC, како и трансплантација на црн дроб кај декомпензирана цироза.