Одбележан Светскиот ден на инфламаторните цревни заболувања на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија

05/20/2026 - 14:06

По повод Светскиот ден на инфламаторните цревни заболувања (IBD Day), Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија – Скопје организираше стручен настан посветен на современите аспекти во дијагностиката, следењето и третманот на пациентите со инфламаторни цревни заболувања

Настанот го отвори директорката на Клиниката, проф. д-р Мери Трајковска, која ја истакна важноста од навремена дијагноза, мултидисциплинарен пристап и континуирано унапредување на третманот кај пациентите со IBD.

Во рамки на настанот свои обраќања имаа заменик-министерот за здравство Јовица Андовски и в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кои дадоа поддршка на активностите насочени кон подобрување на грижата за пациентите со хронични инфламаторни заболувања

Во стручниот дел од програмата беа презентирани повеќе теми поврзани со улогата на Клиниката во дијагностиката, следењето и третманот на пациентите со IBD, искуствата со биолошка терапија, како и современите терапевтски пристапи и перспективи во третманот на овие заболувања

Свое учество земаа проф. д-р Мери Трајковска, проф. д-р Дафина Николова и проф. д-р Тодор Арсов, кои преку своите предавања ги претставија актуелните искуства и предизвици во менаџирањето на инфламаторните цревни заболувања.

Настанот претставуваше можност за размена на искуства и знаења, со цел унапредување на грижата и квалитетот на живот кај пациентите со инфламаторни цревни заболувања.

Галерија