Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија

Ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија

Ендоскопската ретроградна холангиопанкреатографија (ЕРЦП) е комбинирана ендоскопско – рентгенолошка метода која овозможува дијагностика и третман на заболувања на жолчните канали и панкреасниот канален систем.

Во клиничката пракса ЕРЦП најчесто наоѓа примена за:

  • Отстранување на камења од жолчните канали.
  • Третман на воспалителни и туморски стеснувања на жолчните канали и панкреасниот канал со поставување на стент.

 

ЕРЦП се изведува само во болнички услови, односно за изведување на оваа процедура потребно е пациентот да е хоспитализиран.
Годишно на Клиниката за ГЕХ се изведуваат околу 450 ЕРЦП процедури.

Галерија
1
2
3
4
5
6