Секторот за материјално финансиски и сметководствени работи својата надлежност ја остварува преку евиденција на настанатите деловни промени во главна книга и аналитика.
- Се грижи за наплата на побарувањата и плаќање на доспеаните обврски, прави усогласување со трезорската главна книга и врши дневна уплата на наплатената партиципација и изготвува годишна завршна пресметка.
- Преку изработка на годишен план за приходи и расходи и негова реализација доставува месечни, квартални, полугодишни и годишни извештаи до ФЗОМ и МЗ.
- Изготвува годишен план за работа и дава извештаи за планирано –реализирано до МЗ и ФЗОМ.
- Се води ликвидатура на целата примена документација, се планира и изготвува попис на сресдствата.
- Изработува пресметка за плата и надоместоци, ГДП за секој вработен посебно.
- Врши прием и заверка на документите и нивно архивирање.
Човечките ресурси се грижат за законитост при вработување, унапредување, стручно оспособување и престанок на работен однос на вработените.
Дипл. екк. Лидија Тапшанова
Самостоен референт
Работно време
Пон-Пет: 09:00 – 15:30