По завршување на хируршката интервенција,следниот чекор е рехабилитацијата на пациентот и негово враќање во активен живот
Постоперативен - вежби1
Вежби
Со овој процес започнуваме уште првиот ден по операцијата. Најпрво се започнува со вежби за дишните патишта со спирометар и кинезитерапевтски вежби. Следните денови постепено го зголемуваме интензитетот на активности, вежби и движење, се до целосно оспособување на пациентот самостојно да се движи и ги извршува своите потреби.
Постоперативен - вежби2
Домашни активности
По заминување од болница,пациентот треба да продолжи со активностите и дома. Негова “ домашна задача” ќе биде, лесна прошетка по рамен терен,повеќе пати дневно,колку што дозволува кондициската способност на пациентот.Во првата недела се препорачува прошетка 3-4 пати дневно по 15 мин, а секоја наредна недела времетраењето се зголемува за по 10 мин.
Постоперативен - алерт
Постоперативен - алерт1
Прошетките треба да се реализираат во погодни временски услови за кардиоваскуларни пациенти (не многу топло и не многу ладно време). Пациентот треба да се придржува до инструкциите дадени од страна лекарскиот тим,избегнување на носење на поголем товар, избегнување поголеми психички возбудувања, заштита на градниот кош со посебна положба на рацете...
Постоперативен - алерт2
Еден месец по оперативниот третман,се препорачува продолжување на рехабилитацијата во специјализиран центар за кардиоваскуларни заболувања.