Вести

kardio

test komp 1

ЈЗУ УК Гастроентерохепатологија Скопје претставува установа со долготрајна традиција и искуство во давање и вршење на здравствени услуги, научно-истражувачка и образовна дејност, со целосна посветеност кон потребите и задоволството на пациентите.

Соопштенија

Давање на информации

Информации за дијагнозите, состојбата на здравјето, начинот на лекувањето, текот на болеста на заболените лица даваат само лекарите специјалисти

Информација за починат пациент

Информации за починат пациент дава доктор на медицина / специјалист / супспецијалист распореден на оддел, а за време на дежурство - дежурниот лекар.

Посета на пациенти

Пациентите на клиниката се посетуваат секој ден и тоа, претпладне од 13:00 до 14:00 часот. Се препорачува посетата да не биде повеќе од едно лице во исто време

Безбедност на пациенти и вработени

Влезната врата на Клиниката се отвора во 06.00 часот , а се затвора во 20.00 часот. Пред и по овој термин на Клиниката можат да влегуваат само овластени лица, лица кои доаѓаат на итен преглед или за хоспитализација на Клиниката

Одржување на хигена

Болничките простории се чистат и спремаат секојдневно. Сите простории во Клиниката мораат да бидат исчистени и спремни до почетокот на утринската лекарска визита

Mенаџмент на метаболно асоцирани болести на црн дроб (MASLD)

Клинички упатства за менаџмент на метаболно асоцирани болести на црн дроб (MASLD) препорачани од Европската асоцијација за проучување на црниот дроб (EASL), Европска асоцијација за проучување на дијабетес (EASD) и Европска асоцијација за проучување на дебелината (EASO)

Правилник за посета на лежечки пациенти

07.11.2023
Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите. Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета на пациенти. Забраната треба да биде истакната на влезната врата од одделот. 

Препораки за трансплантација на црн дроб

Препораки за трансплантација на црн дроб од Европската асоцијација за проучување на црн дроб (ЕАСЛ), Американската асоцијација за проучување на црн дроб (American Association for the Study of Liver Diseases), Македонско здружение за гастроентерохепатологија