Езофагеалните структури најчесто се бенигни и се должат на гастроезофагеалната рефлуксна болест, на надворешно зрачење, претходна езофагеална склеротерапија, внес на каустични (корозивни) средства, претходни хируршки анастомози. Исто така, може да резултираат од надворешна компресија на хранопроводот поради медијастинална фиброза индуцирана од туберкулоза или идиопатски фиброзен медијастинитис. Една од причините е еозинофилниот езофагитис, особено кај млади мажи.
Во моментов достапни се неколку верзии на дилататори (бужии) кои функционираат преку жица водич, но Savary-Gilliard типот се најчесто користени. Овој тип имаат бужии имаат заострени врвови и се применуваат во повеќе големини. Бидејќи се флексибилни и лесни за употреба, генерално целосно ја заменија примената на металните и сите останати типови на бужии. Savary-Gilliard техниката на бужирање е воведена на Клиниката за гастроентерохепатологија од декември 2013 година и во просек на годишно ниво се изведуваат по 120 интервенции под РТГ контрола.