Ултразвук (УЗ) на абдоминалните органи

Повеќе од 25,000 дијангостички ултрасонографски прегледи и 300 интервентни ултрасонографски дијагностички и тераписки процедури годишно се изведуваат во 3 ултрасонографски лаборатории.
Се користат современи ултрасонографски апарати, со одлична резолуција и визуализација на патолошките промени. Ова овозможува подобра дијагноза и подобар пристап за интервентните процедури.

Испитувања

  • Базична абдоминална ултрасонографија: преглед на црниот дроб, жолчното кесе, жолчните патишта, панкреасот, слезенката, бубрезите, интраабдоминалниот и ретроперитонеалниот простор во абдоменот.
  • Колор Doppler ултрасонографија: визуализација и процена на крвниот проток во вена порта, вена лиеналис, вена мезентерика, вена кава ифериор, хепаталните вени, абдоминалната аорта, артериа хепатика, и други васкуларни структури.
  • Еластографија
     

Интервентна ултрасонографија дијагностичка и тераписка:

  • Биопсија на црн дроб, фокални промени во црниот дроб, тумори во интраабдоминалниот и ретроперитенеалниот простор.
  • Перкутана дренажа на абсцеси и течни колекции во абдоменот
  • Локорегионална аблација на тумори во црниот дроб со етанол алкохол
  • Терапија на симптоматски цисти
  • Перкутана трансхепатична холангиографија и дренажа дијагностичка и тераписка
  • Перкутана гастростома
  • Перкутана нефростома
Галерија
1
2
3
4