Аргон плазма коагулацијата (АПК) активно се применува во интервентната горно и долно дигестивна ендоскопија.
Се работи за неконтактна метода за термокоагулација, што користи Ар за равномерна дистрибуција и испорака на термоелектична енергија во вид на плазма, (јонизиран гас), на одреден дел од ткивото.
Воведена е пред повеќе од 30 години како алтернатива за ласер коагулацијата како неконтактна метода и монополарната и и биполарна коагулација како контактни методи.
Во моментов постојат специфични флексибилни сонди за ендоскопска примена со димензии со пречник од 1,5 мм; 2,3 мм и 3,2 мм и должина од 220см или 320 см.
Длабочината на пентрацијата на дејството изнесува 2-3 мм.
Работната дистанца за успешна апликација треба да изнесува помалку од 1см, но не директно применета, освен за тунелизација на туморски лезии, зашто во спротивно постои висок ризик за перофорација.
Агргон плазма коагулацијата има повеќе индикациони подрачја
- Хирургија – хепатална!!!
- Горно и долно дигестивна ендоскопија
- Бронхоскопија
- Оториноларингологија
- Дерматологија
АПК е особено погодна за третман на тешко достапни и мултипли лезии истовремено.
АПК е побрза и полесна за примена од другите термокоагулациски методи на хемостаза.
Неспорно е индицирана за третман на колонски, тенкоцревни и гастрични ангиодисплазии.
Служи за третман на постирадијациски проктитис со крвавење.
По полипектомија на широкобазни полипи, за обработка на базата, за да се намали ризикот за рецидиви и за аблација на остатоци од полипи на места кои се недостапни за третман со стандардна полипектомија.
Тунелизација на езофагеални тумори и тумори на кардијата на желудникот.