Историја
Универзитетската клиниката за гастроентерохепатологија е единствена институција од овој тип во Република Македонија, која обезбедува неопходна здравствена заштита во областа на гастроентерологијата и хепатологијата за повеќе од два милиони жители.
Основана во 1946 година како оддел во рамки на претходно формираната Клиника за интерна медицина. Одделот за гастроентериологија и хепатологија стана независна Клиника во 1976 година.
Главните области на експертиза се, ефективна дијагноза и третман на гастроинтестиналните и хепатолошки нарушувања, состојби и аболувања, и тоа како за внатрешни (хоспитализирани), така и за надворешни (амбулантски) пациенти. Околу 20 илјади пациенти минуваат низ работните единици на Клиниката секоја година. Така во период од јануари 2013 до јануари 2016 година, според податоците од системот “Мој термин”, на Клиниката за гастроентерологија и хепатологија, реализирани се повеќе од 53,000 амбулантски прегледи. Со капацитет од 48 легла, од кои две се во рамки на апартманско сместување, клиниката има вкупно околу 2,000 болнички случаи годишно, со просечно времетраење на престојот од 5,5 дена по пациент.
Како јавна здравствена установа, услугите се обезбедуваат преку 6 различни единици, кои се високо специјализирани согласно најновите медицински достигнувања. Три од единиците се за наменети за хоспитлани болни, вклучувајќи тука и единица за интензивна нега, додека преостанатите се наменети за амбулантни пациенти, единица за ендоскопски прегледи и единица за ултразвучни прегледи.
Работните единици за ендоскопија и ултраонографија се поделени на подединици за горнодигестивна и долнодигестивна ендоскопија, и тоа како за дијагностички, така и за интервентни процедури (ендоскопски и сонографски). Благодарејќи на ваквиот тип на организација, Клиниката ги обезбедува сите потребни дијагностички иследувања и тераписки опции, за третман на болестите на дигестивниот систем.
Благодарејќи на вака широкиот спектар на процедури, годишно на клиниката се реализираат во просек околу 10 000 ултразвучни прегледи, повеќе од 5,000 гастроскопии, преку 2,000 сигмоидоскопии и колоноскопии. Бројот на интервентни сонографски процедури под ултразвучна контрола (биопсии, дренажи, апликација на перкутани ендопротези) се приближува до 1,200, а бројот на интервентни ендоскопски процедури под флуороскопска контрола – ERCP и интервенции на храновод во смисла на третман на пациенти со стенози и ахалазија со техниките на бужирање и балон дилатација, иснесува околу 570-620. Од оваа бројка, на ERCP процедурите одпаѓаат околу 450-500 на годишно ниво, а на интервенциите на храновод под РТГ контрола околу 120.
Бројот на ендоскопските терапевтски процедури, како полипектомии или ендоскопската хемостаза кај гастроинтестинални крвавења, надминува број од 400 пациенти годишно. Покрај обемната катадневна клиничка пракса, Клиниката е дел и од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” и учествува во постојаната едукација на медицинскиот персонал. Редовно се спроведува настава, едукација и обука на медицински сестри, техничари, радиолози, студенти по медицина и лекари, како и организирање научни состаноци, работилници, курсеви и гастроентериолошки школи на различни нивоа.
За клиниката секција Мисија
Мисија
Една од примарните задачи ни е подобрување на клиничките стандарди со што ќе се унапреди превенцијата, лекувањето и грижата за нашите пациенти со гастроинтерохепатолошки болести. Оваа цел ќе се реализира преку подобрување на условите на Клиниката и осовременување на опремата, како и обезбедување на едукација на вработените и поддршка на истражувањата.
За клиниката секција Визија 2
Како важна алка во здравствениот систем, Клиниката за гастроентерохепатологија ќе промовира еднакви можности за сите пациенти, без разлика на полот, возраста и националноста.
За клиниката секција визија
Визија
Преку ефикасна и проширена организација ќе ја унапредиме гастроентеролошката заштита. За таа цел, ќе соработуваме со здравствените работници, со нашите пациенти и јавноста и тесно ќе соработуваме со институциите на системот и научниците и стручните здруженија во и вон Македонија.
За клиниката секција Квалитет
Политиката за квалитет претставува основа за воспоставување цели за квалитет и ја усмерува Јавната здравствена установа во напорите за постојано подобрување.
За клиниката секција стручност
Стручност
Вршиме здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од специјалноста по гастроентерохепатологија, изградува и спроведува стручно-медицински доктринарни критериуми во својата област и укажува стручно-методолошка помош на здравствените установи од соодветна гранка на медицината. Нашата клиника располага со најсовремени технолошки уреди и исто така има соодветни сметувачки капацитети за нашите пациенти.