Клинички информации

Клинички информации

Договор со ФЗОРСМ

ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија има потпишано Договор за пружање на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во јавните здравствени установи со Фондот за здравствено осигурување.

Правилник за посета на лежечки пациенти

Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите. Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета

Лекарска Визита

На клиниката се вршат две главни неделни визити и две дневни лекарски визити во текот на 24 часовен работен циклус

Давање на информации

Информации за дијагнозите, состојбата на здравјето, начинот на лекувањето, текот на болеста на заболените лица даваат само лекарите специјалисти

Информација за починат пациент

Информации за починат пациент дава доктор на медицина / специјалист / супспецијалист распореден на оддел, а за време на дежурство - дежурниот лекар.

Посета на пациенти

Пациентите на клиниката се посетуваат секој ден и тоа, претпладне од 13:00 до 14:00 часот. Се препорачува посетата да не биде повеќе од едно лице во исто време

Безбедност на пациенти и вработени

Влезната врата на Клиниката се отвора во 06.00 часот , а се затвора во 20.00 часот. Пред и по овој термин на Клиниката можат да влегуваат само овластени лица, лица кои доаѓаат на итен преглед или за хоспитализација на Клиниката

Одржување на хигена

Болничките простории се чистат и спремаат секојдневно. Сите простории во Клиниката мораат да бидат исчистени и спремни до почетокот на утринската лекарска визита