ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија има потпишано Договор за пружање на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во јавните здравствени установи со Фондот за здравствено осигурување.
договор фзо цени
Цени на услуги
Цените на услугите се согласно пакетите за специјалистичко- консултативна заштита и системот на дијагностички сродни групи (ДСГ) за болничка здравствена заштита.
Партиципацијата која ја плаќаат осигурените лица ќе биде наплатувана согласно Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лекови донесена од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
договор фзо партиципација
Партиципација
Максималната партиципација ја формира Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија со одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на учество на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите сл. весник број 20/2012, според кој учество на осигуреното лице за здравствени услуги во специјалистичко –консултативна и болничка здравствена заштита изнесува максилано 6.000,00 денари.