Соопштенија
Уметноста внесува топлина во Клиниката за гастроентерохепатологија
06.04.2026
Клиниката за гастроентерохепатологија доби значајна донација од уметнички дела, со што дополнително се унапреди и разубави болничкиот простор. Станува збор за околу 30 дела, донирани од реномирани, но и млади уметници, кои преку својата креативност дадоа вреден придонес за подобрување на амбиентот во установата.
Jавен повик
20.11.2025
Jавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движните ствари, кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на ЈЗУ УК Гастроентерохепатологија .
Правилник за посета на лежечки пациенти
07.11.2023
Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите.
Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета на пациенти. Забраната треба да биде истакната на влезната врата од одделот.
Клиниката за гастроентерохепатологија доби Сертификат за членство во EASL - CLIF Конзорциум
12.07.2023
Клиниката за гастроентерохепатологија стана член на Конзорциумот на Европската асоцијација за проучување на црниот дроб (EASL) и Европската фондација за проучување на хронична црнодробна слабост (EFCLIF) чии активности се насочени кон продлабочување на научните истражувања за хронична црнодробна слабост.
Во функција нов центар за болести на црниот дроб
06.06.2023
Во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија беше пуштен во функција нов Центар за болести на црн дроб кој е опремен со најсовремени апарати за дијагностика и третман. Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директорка на Клиниката, појасни дека овој центар е составен од повеќе делови и се осврна на придобивките за пациентите.