Организацијата на работата на Универзитетската клиника се заснова врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита. Во Универзитетската клиника се органиозираат внатрешни организациони единици кои претставуваат организационо-техничка целина за вршење на дејностите
Сектори - Служба за административно работење
Администрација
Службата за административно работење е составена од Сектор за материјално финансиски и сметководствени работи и Сектор за јавни набавки.
Сектори - Секција финансиски
Сектор за материјално финансиски и сметководствени работи
Секторот за материјално финансиски и сметководствени работи својата надлежност ја остварува преку евиденција на настанатите деловни промени во главна книга и аналитика. Се грижи за наплата на побарувањата и плаќање на доспеаните обврски, изготвува годишна завршна пресметка, изготвува годишен план за работа и дава извештаи.
Секција - Сектор за јавни набавки
Сектор за јавни набавки
Секторот за јавни набавки за потребите на клиниката. Учествува во изработка на стратешките и оперативниот план за работа, и има обврска за изготвувње на годишниот план за јавни набавки. Се планира реализира и се контролираат спроведените набавки. Врз основа на систематизирани и ажурирани податоци следејки го законот за ЈН ги изготвува сите потребни извештаи.
Секција текст медицина
Медицински оддели
Универзитетската клиника својата основна специјалистичко консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терциерно ниво од областа на кардиологијата, утврдена со закон за здравствена заштита и Статутот на клиниката, ја спроведува преку организациони единици ОДДЕЛИ кои претставуваат организационо-техничка целина за обавување на дејноста...