Кодекс на однесување - Правила за професионален изглед

Правила за професионален изглед

Вработените во клиниката ги почитуваат правилата за професионален изглед. Здравствените работници и помошно техничкиот персонал ги применуваат следните правила: 

Правила за професионален изглед
  • во текот на работното време задолжително е носење на пропишана дводелна униформа, и тоа: „бела униформа и/или бел мантил“ само за доктори, „светло сина униформа“ за медицински сестри, „светло сива униформа“ за болничари, „сина односно зелена униформа“ во оперативен оддел и оддел за инвазивни интервенции, „темно црвени униформи“ со ознака „техничка служба” за персоналот од техничката служба. Административните работници, не носат униформа но имаат обврска да го почитуваат кодексот за професионален изглед.
  • во случај на валкање на униформата со биолошки течности истата треба веднаш да биде променета со нова чиста униформа.
  • носење на идентификационата ознака е задолжително за секој работник во здравствената установа и истата содржи: назив на здравствената установа и одделот како и име и презиме, титула, при што името и презимето со титулата се напишани со поголем фонт во однос на другиот текст на ознаката.
  • носењето на униформа или ознака која е пропишана за работникот.
  • облеката на работникот за време на работното време треба да биде пристојна и уредна.