Организација и систематизација

Организација и систематизација

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија е составена од управа која менаџира со клиниката, седум оддели со вкупно деветнаесет отсеци за вршење на медицинската дејност, една служба организирана во три сектори  за извршување на административните работи.

организација менаџмент

Менаџмент

Управување

Со Универзитетската клиника управува Управен одбор кој го сочинуваат пет члена, од кои двајца претставници од редот на стручните и компетентни лица од јавната здравствена установа и тројца преставници од основачот.

Организација - администрација

Администрација

Администрација

За спроведување на работите од административен карактер и тоа правни, административно стручни и технички работи и сметководствено-финансиски работи во Универзитетската клиника се организираат два сектори.

Организација - медицинска

Медицинска дејност

Медицинска дејност

Универзитетската клиника врши здравствени услуги кои бараат стручен, организациски и технолошки сложен и мултидисциплинарен здравствен третман од специјалноста на гастроентерохепатологијата, изградува и спроведува стручно - медицински докторинарни критериуми во својата област и укажува стручно методолошка помош на здраствените установи од областа на гастроентерохепатологијата, како и обезбедување со лекови на болнички третираните пациенти.