Исхрана кај хроничен панкреатитис

Исхрана кај хроничен панкреатитис

Општи принципи

Исхрана богата со белковини, нормално количество на шеќери и намален внес на масти

 

Дозволена исхрана

Mлеко и млечни продукти: сите видови обезмастено млеко, јогурт и кравјо кисело млеко, немасни сирења и урда

Месо: сите видови немасни меса и риба (од живина – пилешко, гускино, ќуркино, телешко)

Јајца: дозволено белка од јајце

Зеленчук: сите видови зеленчук (приготвен без лушпа во вид на пиреа, варива, сокови)

Масти: растителни масти (зејтин, маргарин за приготвување на храна во мало количество)

Леб: бел леб, црн леб, компир, ориз, двопек.

 

"Исхрана кај хроничен панкреатитис"

 

Забранета исхрана

  • Полномасно млеко, масни топени сирења
  • Сите масни меса, месо со жили
  • Жолчка од јајце
  • Масни овошја (ореви, бадеми, лешници, фстаци) и многу слатки овошја (урма и смокви)
  • Груби зеленчуци кои подувуваат (зелка, праз и грав)
  • Мајонези, премногу зачинета храна, храна која е приготвувана како пржена, похована.

Апсолутна забрана за алкохол

 

Кулинарска обработка

Се препорачува приготвување на пареа, варено, печено, со умерен додаток на зачини, 4-5 оброци на ден, во помали количества, добро изџвакана храна, не премногу топла ниту студена.