Диета кај хијатална хернија

Диета кај хијатална хернија

Општи принципи

Исхрана со белковини, умерен внес на јагленохидрати и сиромашно со масти.

 

Дозволена исхрана

Обарено, слатко, јогурт, кисело млеко, младо сирење, урда

Месо: сите видови на немасни меса и риба.

Јајца: до три пати неделно.

Житарки: леб, ориз, компир.

Овошје: сите видови овошје.

Зеленчук: сите видови.

Напивки: овошни сокови (кои не се многу кисели), чаеви.

Слатки: компот, овошни желеа, не многу масни кремови и слатки.

 

Диета кај хијатална хернија

 

Забранета исхрана

  • Полномасно млеко, топени сирења, кајмак, мајонез
  • Масни меса и масна риба
  • Многу слатки овошја (урма, суви овошја)
  • Масни овошја (ореви, бадеми)
  • Зеленчук со груби жили и тврда лушпа (праз, кељ, зелка)
  • Алкохол
  • Тутун
  • Продукти на база на пеперминт – од зачини нане (menta piperacea), мастики воопшто и бомбони на база на пепрминт, концентрирани слатки и чоколада.

 

Број на оброци

4 – 5 помали оброци.

 

Кулинарска обработка

Варено, печено (не се советува пржена и похована храна).

 

Препорака

После јадењето да не се легнува, туку малку да се прошета. Вечерата да не е никогаш непосредно пред спиење, да се спие на нешто повисоко на покачена перница. Да се избегнуваат груби храни и храна која што ја дразни слузницата (премногу зачинети и кисели јадења).