Повеќе од 25,000 дијангостички ултрасонографски прегледи и 300 интервентни ултрасонографски дијагностички и тераписки процедури годишно се изведуваат во 3 ултрасонографски лаборатории.
Се користат современи ултрасонографски апарати, со одлична резолуција и визуализација на патолошките промени. Ова овозможува подобра дијагноза и подобар пристап за интервентните процедури.
Испитувања
- Базична абдоминална ултрасонографија: преглед на црниот дроб, жолчното кесе, жолчните патишта, панкреасот, слезенката, бубрезите, интраабдоминалниот и ретроперитонеалниот простор во абдоменот.
- Колор Doppler ултрасонографија: визуализација и процена на крвниот проток во вена порта, вена лиеналис, вена мезентерика, вена кава ифериор, хепаталните вени, абдоминалната аорта, артериа хепатика, и други васкуларни структури.
- Еластографија
Интервентна ултрасонографија дијагностичка и тераписка:
- Биопсија на црн дроб, фокални промени во црниот дроб, тумори во интраабдоминалниот и ретроперитенеалниот простор.
- Перкутана дренажа на абсцеси и течни колекции во абдоменот
- Локорегионална аблација на тумори во црниот дроб со етанол алкохол
- Терапија на симптоматски цисти
- Перкутана трансхепатична холангиографија и дренажа дијагностичка и тераписка
- Перкутана гастростома
- Перкутана нефростома
Галерија