Информации за починат пациент дава доктор на медицина / специјалист / супспецијалист распореден на оддел, а за време на дежурство - дежурниот лекар.
Информација за починат пациент - секција
Починат пациент
Член на потесното семејство се повикува телефонски да дојде на клиниката , а потоа му се соопштува веста дека пациентот починал и се информира за понатамошната постапка за починатиот. Во случај кога не може со семејството да се контактира телефонски со телеграма упатена со брза пошта се повикува член на семејството да дојде на клиниката , а потоа му се соопштува веста дека пациентот починал и се информира за понатамошната постапка за починатиот.