Општи принципи
Исхрана со белковини, умерен внес на јагленохидрати и сиромашно со масти.
Дозволена исхрана
Обарено, слатко, јогурт, кисело млеко, младо сирење, урда
Месо: сите видови на немасни меса и риба.
Јајца: до три пати неделно.
Житарки: леб, ориз, компир.
Овошје: сите видови овошје.
Зеленчук: сите видови.
Напивки: овошни сокови (кои не се многу кисели), чаеви.
Слатки: компот, овошни желеа, не многу масни кремови и слатки.
Забранета исхрана
- Полномасно млеко, топени сирења, кајмак, мајонез
- Масни меса и масна риба
- Многу слатки овошја (урма, суви овошја)
- Масни овошја (ореви, бадеми)
- Зеленчук со груби жили и тврда лушпа (праз, кељ, зелка)
- Алкохол
- Тутун
- Продукти на база на пеперминт – од зачини нане (menta piperacea), мастики воопшто и бомбони на база на пепрминт, концентрирани слатки и чоколада.
Број на оброци
4 – 5 помали оброци.
Кулинарска обработка
Варено, печено (не се советува пржена и похована храна).
Препорака
После јадењето да не се легнува, туку малку да се прошета. Вечерата да не е никогаш непосредно пред спиење, да се спие на нешто повисоко на покачена перница. Да се избегнуваат груби храни и храна која што ја дразни слузницата (премногу зачинети и кисели јадења).