Исхрана на болниот со хроничен улкус на желудникот и дванаесетпалечното црево

Исхрана на болниот со хроничен улкус на желудникот и дванаесетпалечното црево

Општи принципи

  1. Употреба на секаков вид алкохол, никотин (пушење), тешка храна и пресен леб (и слични лебни продукти со пресен квасец) се забранети.
  2. Оброците при исхраната треба да се чести и мали, најдобро да се зема храна секои 3-4 часа.
  3. При јадењето треба да се јаде полека и добро да се џвака, забалото да биде уредно и правилно лекувано.

 

Дозволена исхрана

Млеко (пастеризирано) варено, кисело млеко, јогурт, ќефир, путер, сурутка, кајмак, несолено сирење, јајце (разматено или обарено). Минералната вода без јаглероен диоксид (CO2), кисела храна, не многу засладена, овошни сокови, компоти и пудинг.

 

"Исхрана на болниот со хроничен улкус на желудникот и дванаесетпалечното црево"

 

Забранета исхрана

Храната приготвена со животински масти или лој, особено жешка или пржена маст и масни сосови, секаква пикантна храна, како зачинета така и лута, прекисела и пресолена. Екстракти од меса, конзервирани риби, колбаси, јака супа или бујони со зачини, печења, гулаши, бубрези, црн дроб, паштета и сланина. Зеленчук што подува како: грав, зелка, леќа, пасиран грашок и стара боранија. Масни колачи, мед, црно кафе, пунчеви, особено јаки чаеви и др.

 

Како да се постави менито

Доручек: млеко или кафе, двопек (препечен леб) со доста путер.

Ужина (во 9 часот): меко обарено јајце, млеко или јогурт и леб со путер.

Ручек: супа или бујон или слузова супа, посно месо – телешко, говедско или пилешко, варено или без маснотии.

Зеленчук: компири само во форма на пире или варени (ниту пржени ниту печени), теста и варен гриз, моркови, домати, келераба и спанаќ.

Овошје: овошје како компот, желе или сурово, и тоа јаболко, праска, банана, зрела јагода. Препорачливо е да се избегнува кајсија, цреша, капина, ореви и бадеми.

Десерт: сокови, пудинг (од ванила со млеко), кремови со кајмак.

Пијалоци: млеко, јогурт, минерална вода (алкална), овошни сокови.

Ужина (во 18 часот): исто што и за појадок.

Вечера: исто што и за ручек или можна е замена со меко обарено јајце и несолено сирење.

Пред легнување (во 21-22 часот): шоља млеко.