Историја

15.01.2018
Историја

Македонското здружение за гастроентерохепатологија е основао на 20 Мај 1972 година во Охрид. За прв претседател бил избран Проф. д-р Пенчо Давчев, кој го водел здружението до 1982 година, а понатаму претседатели биле Проф. д-р Владислав Бидиков (1982-1990), Проф. д-р Васко Василевски (1990-1995), Проф. д-р Владимир Серафимоски (1995-2003), Проф. д-р Методија Нешковски (2003-2007), Проф. д-р Мирко Крстевски (2007-2011) и Проф. д-р Ненад Јоксимовиќ (2011 – 2020).

 

За овој временски период организирани се повеќе симпозиуми, состаноци, научни средби и конгреси.

Првиот конгрес на гастроентерохепатолозите на Македонија бил организиран во 1972 година во Охрид, од претседателот Проф. д-р Пенчо Давчев. Вториот Конгрес бил одржан во Скопје во 1978 година. Третиот во Струга во 1979 година, а четвртиот во Охрид во 1982 година, сите од истиот претседател.

Петиот конгрес бил одржан во Охрид 1996 година, а претседател бил Проф. д-р Владимир Серафимоски.

Шестиот конгрес бил одржан во Охрид 2000 година, а претседател бил Проф. д-р Васко Василевски.

Седмиот конгрес бил одржан во Охрид 2004 година, а претседател бил Проф. д-р Методија Нешковски.

Осмиот, деветиот и десетиот конгрес биле одржани во Охрид во 2008, 2012 и 2016 година,

и на сите три претседател бил Проф. д-р Ненад Јоксимовиќ.

Галерија