ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија има потпишано Договор за пружање на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во јавните здравствени установи со Фондот за здравствено осигурување.
Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите. Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета
Пациентите на клиниката се посетуваат секој ден и тоа, претпладне од 13:00 до 14:00 часот.
Се препорачува посетата да не биде повеќе од едно лице во исто време
Влезната врата на Клиниката се отвора во 06.00 часот , а се затвора во 20.00 часот. Пред и по овој термин на Клиниката можат да влегуваат само овластени лица, лица кои доаѓаат на итен преглед или за хоспитализација на Клиниката
Болничките простории се чистат и спремаат секојдневно. Сите простории во Клиниката мораат да бидат исчистени и спремни до почетокот на утринската лекарска визита