Вести

  • 28.07 2023
    Клиниката за гастроентерохепатологија се вклучи во активностите кои во соработка со здружението “Хепар Центар” - Битола се организираат по повод одбележување на 28 Јули - Светскиот ден за борба против хепатитот.
  • 12.07 2023
    Клиниката за гастроентерохепатологија стана член на Конзорциумот на Европската асоцијација за проучување на црниот  дроб (EASL) и Европската фондација за проучување на хронична црнодробна слабост (EFCLIF) чии активности се насочени кон продлабочување на научните истражувања за хронична црнодробна слабост.
  • 06.06 2023
    Во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија беше пуштен во функција нов Центар за болести на црн дроб кој е опремен со најсовремени апарати за дијагностика и третман. Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директорка на Клиниката, појасни дека овој центар е составен од повеќе делови и се осврна на придобивките за пациентите.
kardio

test komp 1

ЈЗУ УК Гастроентерохепатологија Скопје претставува установа со долготрајна традиција и искуство во давање и вршење на здравствени услуги, научно-истражувачка и образовна дејност, со целосна посветеност кон потребите и задоволството на пациентите.

Соопштенија

  • 07.11 2023
    Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите. Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета на пациенти. Забраната треба да биде истакната на влезната врата од одделот. 
  • 28.07 2023
    Клиниката за гастроентерохепатологија се вклучи во активностите кои во соработка со здружението “Хепар Центар” - Битола се организираат по повод одбележување на 28 Јули - Светскиот ден за борба против хепатитот.
  • 06.06 2023
    Во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија беше пуштен во функција нов Центар за болести на црн дроб кој е опремен со најсовремени апарати за дијагностика и третман. Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директорка на Клиниката, појасни дека овој центар е составен од повеќе делови и се осврна на придобивките за пациентите.

Договор со ФЗОРСМ

ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија има потпишано Договор за пружање на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во јавните здравствени установи со Фондот за здравствено осигурување.

Правилник за посета на лежечки пациенти

Посета на пациенти е дозволена само во времето предвидено за посета. Времето за посета е истакнато на влезните врати на одделите каде лежат пациентите. Воколку постои зголемен ризик од пренос на инфекции може да постои забрана за посета

Лекарска Визита

На клиниката се вршат две главни неделни визити и две дневни лекарски визити во текот на 24 часовен работен циклус

Давање на информации

Информации за дијагнозите, состојбата на здравјето, начинот на лекувањето, текот на болеста на заболените лица даваат само лекарите специјалисти

Информација за починат пациент

Информации за починат пациент дава доктор на медицина / специјалист / супспецијалист распореден на оддел, а за време на дежурство - дежурниот лекар.

Посета на пациенти

Пациентите на клиниката се посетуваат секој ден и тоа, претпладне од 13:00 до 14:00 часот. Се препорачува посетата да не биде повеќе од едно лице во исто време

Безбедност на пациенти и вработени

Влезната врата на Клиниката се отвора во 06.00 часот , а се затвора во 20.00 часот. Пред и по овој термин на Клиниката можат да влегуваат само овластени лица, лица кои доаѓаат на итен преглед или за хоспитализација на Клиниката

Одржување на хигена

Болничките простории се чистат и спремаат секојдневно. Сите простории во Клиниката мораат да бидат исчистени и спремни до почетокот на утринската лекарска визита

Mенаџмент на метаболно асоцирани болести на црн дроб (MASLD)

Клинички упатства за менаџмент на метаболно асоцирани болести на црн дроб (MASLD) препорачани од Европската асоцијација за проучување на црниот дроб (EASL), Европска асоцијација за проучување на дијабетес (EASD) и Европска асоцијација за проучување на дебелината (EASO)