Договор со ФЗОРСМ

Договор со ФЗОРСМ

ЈЗУ УК за Гастроентерохепатологија има потпишано Договор за пружање на здравствени услуги во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во јавните здравствени установи со Фондот за здравствено осигурување.

договор фзо цени

Ceni

Цени на услуги

Цените на услугите се согласно пакетите за специјалистичко- консултативна заштита и системот на дијагностички сродни групи (ДСГ) за болничка здравствена заштита.
Партиципацијата која ја плаќаат осигурените лица ќе биде наплатувана согласно Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лекови донесена од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

договор фзо партиципација

participacija

Партиципација

Максималната партиципација ја формира Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија со одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на учество на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите сл. весник број 20/2012, според кој учество на осигуреното лице за здравствени услуги во специјалистичко –консултативна и болничка здравствена заштита изнесува максилано 6.000,00 денари.