Биолошка терапија

Биолошка терапија

Секој вработен специјалист на ГЕХ клиника има право и обврска пациенти со ВЦЗ да ги лекува со биолошка терапија. Биолошката терапија се применува откако ке бидат исцрпени можностите за лекување со конвенционалната терапија. 

По исклучок биолошка терапија може да биде применета при акутни тешки клинички слики кај кортикорезистентни пациенти. Лекарот ординариус ја прави проценката за потреба од биолошка терапија и ги назначува потребните иследување пред почетокот на терапијата.

Воколку пациентот ги задоволува критериумите за почеток на биолошка терапија лекарот ординариус го презентира случајот пред стручниот колегиум и ги доставува документите до комисијата за биолошка терапија. 

Биолошка терапија-1

Терапија

Пожелно е лекарот ординариус да наведе која терапија ја предлага за натамошно лекување на пациентот. Комисијата за биолошка терапија го разгледува случајот и воколку е лекот достапен во доволни количини издава согласност за почеток на терапија. 

Воколку лекот е недостапен или достапен во ограничени количини (што може да до доведат под прашање континуираното лекување на пациентот) комисијата предлага алтернативен лек  достапен во доволни количини. Лекарот ординариус ја одредува дозата и планираниот распоред за аплицирање на терапијата.
 

 

Биолошка терапија-2

Патека на пациентот кој прима биолошка терапија 

Првата записка за прием ја прави лекарот ординариус и ја назначува на температурна листа. Натамошните записки за прием ги прави лекарот ординариус, негова замена или амбулантиот лекар во општа амбуланта (по потреба во договор со лекарот ординариус). 

Лекарот што ја прави записката прави проценка дали пациентот може да ја прима терапијата. Болничкиот кревет каде пациент ке ја прима терапија го одредува амбулантиот лекар во општа амбуланта.

Пред почеток на терапијата пациентот обврзно треба да биде прегледан од собниот лекар кој истотака прави проценка дали пациентот може да ја прима терапијата. Собниот лекар е обврзан во писмена форма да потврди дека пациентот може да прима терапија. Одговорноста дали примениот пациент тој ден ке прими терапија е кај собниот лекар. 
    
Исписот на болничката историја го прави собниот лекар. Лекарот ординариус е обрвзан пацинетот кој прима биолошка терапија да го следи на редовни амбулантски контроли во мој термин.